ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барселона знаела и да победува, и тоа на тврд терен

Барселона знаела и да победува, и тоа на тврд терен

сподели
euroleague.net

Со триумфот кај Фенербахче со 74:80, Каталонците ја прекинаа низата од три порази во елитното натпреварување и остануваат во трката з аврвот на табелата по регуларниот дел на сезоната, кој носи предност домашен терен во разигрувањето за финалниот турнир во Ланксес арената во Келн.

Дилејни со 14 поени и Хигинс со 12 поени го предводеа нападот во финалните минути, кога беше докрајчен домаќинот, кој пак за кратко само се понадева на позитивен скор при 62:61. Клавер имаше 17 поени за победникот, а Слукас имаше 14 поени со 11 асистенции и 7 скока за Фенербахче.