ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барса сонува да го победи Реал

Барса сонува да го победи Реал

сподели
acb.com

Што и да направи последниве неколку сезони, каталонската гордост едноставно не може да му парира на Кралскиот клуб, без разлика во каков состав се двата тима.

Барселона смени тренер и половина екипа пред почетокот на новата сезона, минатата имаше најголем буџет во Европа, но повторно почнува со пораз.

Во финалето на Суперкупот на Шпанија, најтрофејната европска и шпанска екипа победи со 72:67, за трета титула едно по друго, во ова натпреварување.

Аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо беше најдобриот стрелец кај победникот, со 21 поен, а беше прогласен и за МВП на турнирот. Најдобар стрелец на мечот беше Никола Миротиќ од Барселона, со 22 поена.

Реал Мадрид (6) ја помина Барса (5) според пехарите во оваа конкуренција, а Каталонците последниот го освоија во 2015-та година.