ПОЧЕТНА Женска кошарка Барем го избегнавме дното!

Барем го избегнавме дното!

сподели
FIBA

Женската јуниорска репрезентација на Македонија дури во седмиот натпревар на Европското првенство Б-дивизија ја оствари првата победа.

FIBA

Кога постоеше опасност да завршат на последната позиција, нашите кошаркарки ја совладаа Албанија со 77:64 и против Косово ќе се борат за 21-вото место на шампионатот што се игра во Скопје.

FIBA

Ова беше и најефикасен натпревар на македонската репрезентација на ова првенство. Прв стрелец во нашиот национален тим беше Елена Тасевска со 23 поени, но Селцова и Поп Стојанова беа блиску до трипл-дабл.

FIBA

Првата постигна 15 поени, 10 скока и 6 асистенции, втората по 11 поени и скокови и 7 асистенции.