ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барселона и Басконија ќе се борат за титулата во Шпанија

Барселона и Басконија ќе се борат за титулата во Шпанија

сподели

Остана уште финалниот меч во борбата за новиот шампион на Шпанија, на завршниот турнир што се одржува во Валенсија. За трофејот и за тронот на Реал Мадрид ќе се борат Барселона и Басконија кои во полуфиналето беа подобри од Бургос и Валенсија.

„Каталонците“, предводени од Никола Миротиќ, славеа со 98:84 и ќе се обидат да дојдат до својата прва титула од 2014 година. Црногорецот со шпански пасош постигна 18 поени, но ја иницираше серијата на стартот од второто полувреме кога неговиот тим направи двоцифрена предност што ја задржа до крајот.

Басконија имаше многу потешка задача со домаќинот. Валенсија водеше со 11 поени разлика пред крајот на првото полувреме, во текот на третиот период имаше предност и осум поени (53:45), но не го издржа темпото и падна во последните десет минути и загуби со 73:75. Трагичар беше Џордан Лојд кој имаше отворен шут за израмнување, но не успеа да погоди. Басконија има три титули во шпанското првенство, последната освоена во 2010 година.

Финалниот натпревар се игра во вторник од 20 часот.