ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барса за 10 минути го уништи Зенит

Барса за 10 минути го уништи Зенит

сподели

Богатиот руски претставник во Евролигата очигледно уште не се навикнал на настапите во ова натпреварување. По поразот од Алба во првото коло, Зенит доживеа дебакл и од Барселона на домашен терен. „Каталонците“ славеа со 63:87 за 2/2 на стартот од Евролигата.

Доволна беше последната четвртина која и припадна на Барселона со 28:7 и практично во тие 10 минути беше скршен отпорот на упорниот домашен тим. Најдобар играч беше Кајл Кјурик со 24 поени, но се истакна и Миротиќ со дабл-дабл (17 поени, 10 скока).