ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барса се навежба и засили, па му врати на Ефес

Барса се навежба и засили, па му врати на Ефес

сподели
euroleague.net

Во Истанбул дојде реновираната Барселона која токму „Абди Ипекчи“ минатата натпреварувачка кампања го заврши патот во елитното натпреварување и остана без настап на завршниот турнир. Тој тим не може да се спореди во однос на квалитетот со овој, па каталонскиот клуб победи со 64:74.

euroleague.net

Миротиќ е новиот лидер, постигна 24 поени. Дилејни имаше 11 поени со 7 асистенции, Дејвис имаше 10 поени со 5 скока и 4 асистенции, Томиќ се разигра на крајот и ги постигнуваше клучните поени. Кај поразените, Петерс имаше 16 поени, Мициќ два помалку, Плаис имаше 13.