ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Барса победи, но ќе го сонува „куцањето“ на Браун!

(ВИДЕО) Барса победи, но ќе го сонува „куцањето“ на Браун!

сподели
фото: FC Barcelona

Каталонската гордост славеше со 86:82 во рамките на 21-то коло во елитното натпреварување, но мечот го добележа спектакуларниот потег на гостинскиот плејмејкер, Лоренцо Браун кој беше најдобар гостински стрелец со 15 поени и немилосрден во еден атак кон кошот на домашните.

Овој потег, секако, беше премалку да се совлада нерасположениот, но одлично воден од клупата, состав на Барселона. Никола Миротиќ имаше 25 поени, Брендон Дејвис имаше 10, останатите беа на 8 поени максимум, но сите 10 кошаркари што влегоа во игра кај Барселона, се запишаа меѓу стрелците.