ПОЧЕТНА Евролига Барса отпушти тројца и го затвори ростерот за новата сезона

Барса отпушти тројца и го затвори ростерот за новата сезона

сподели
BarcaBasket

По пауза од една деценија каталонската гордост ќе тргне по титулата во Евролигата која во својата историја ја освои само два пати.

Првиот, под водство на Светислав Пешиќ кој и сега е на клупата на овој тим, засилен со четворица извонредни играчи со огромно искуство во европската кошарка и во НБА. Во меѓувреме отпушти тројца: Крис Синглтон, Кевин Серафан и Јака Блажиќ и го затвори составот за новата сезона.

BarcaBasket

Со новодојдените Брендон Дејвис, Кори Хигинс, Никола Миротиќ и Алекс Абринес, Барса сега има вкупно 14 кошаркари. Тука се уште Кевин Пангос, Пау Рибас, Кајл Кјурик, Адам Ханга, Пјер Ориола, Роландс Смитс, Анте Томиќ и Артјом Пустовиј кои имаа важешки договори и Томас Ертел и Виктор Клавер кои ја продолжија верноста кон клубот.

Претстојната сезона Барселона може да одигра околу 80 натпревари од кои 70 се сигурни: по 34 во првенството и лигашкиот дел од Евролигата, плус еден во Суперкупот на Шпанија и еден во Купот.