ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барса и Реал пак се избегнаа

Барса и Реал пак се избегнаа

сподели

Суперкупот на Шпанија ќе ја отвори кошаркарската сезона во оваа земја, а турнирот ќе се игра на 12 и 13 септември во Тенерифе.

Денеска беше извршена ждрепката за полуфиналните двојки. Барса и Реал се избегнаа, како и во завршницата од првенството, но каталонскиот клуб ќе има нешто потешка задача да се пласира во финалето. Во исто време доби и шанса за одмазда бидејќи за противник во првиот меч го доби шампионот Басконија од кого загуби во натпреварот за титулата минатиот месец. Тоа ќе биде и официјално деби за новиот тренер на Барселона, Шарунас Јасикевичиус и кошаркарите со кои се засили вицепрвакот летово.

Реал ќе игра со домаќинот Тенерифе, а победниците ќе се сретнат еден против друг на 13 септември. Бранител на титулата во Суперкупот е „кралскиот клуб“.