ПОЧЕТНА Евролига Барса го тресе пазарот, уште едно мега-засилување во Блауграна

Барса го тресе пазарот, уште едно мега-засилување во Блауграна

сподели
euroleague.net

По договорот со Никола Миротиќ (кој уште официјално не е потврден од клубот) шпанскиот вицешампион обезбеди уште еден одличен кошаркар за новата сезона.

Барселона го објави трансферот на досегашната ѕвезда на ЦСКА Москва, Кори Хигинс кој потпиша договор на три сезони и се очекува само официјалната промоција.

Тој беше играч на рускиот гигант последните четири години и освои две титули во Евролигата, во 2016 и 2019 година.

Последната сезона просечно постигнуваше по 15 поени и 2,2 скока по натпревар. Беше најефикасен играч во финалето од Евролигата против Анадолу Ефес со 20 поени.