ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барса гази во Евролигата, во АЦБ – не оди!

Барса гази во Евролигата, во АЦБ – не оди!

сподели
фото: marca.com

Иако важеше за најголем фаворит во шпанското првенство, каталонскиот клуб по шест кола веќе заостанува две победи зад лидерот и актуелен шампион Реал.

Откако во третиот круг загуби од Андора, истото му се случи на гостувањето кај Сарагоса која беше нешто поубедлива и славеша со 89:83. Ова беше дерби на табелата затоа што двете екипи пред почетокот на колото имаа биланс од четири победи и еден пораз, па сега Сарагоса е на второто место на табелата.

Барса ги имаше најефикасните играчи на мечот – Миротиќ и Дејвис кои постигнаа по 21 поен. Кај Сарагоса, Сили и Бенцинг постигнаа по 15.

За разлика од домашното првенство, во Евролигата тимот на Светислав Пешиќ има максимален ефект по четири одиграни кола и е на делба на првата позиција со ЦСКА.