ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СРБИНОВСКИ: Бараме центар, но и полуфинале!

СРБИНОВСКИ: Бараме центар, но и полуфинале!

сподели

Стратегот на екипата што играше одлично на крајот на 2019-та, зборуваше за периодот што претстои и за очекувањата во половината од сезоната во 2020-та година. Изјавата е преземена од официјалниот сајт на КФСМ.

„Барем засега попрво би рекол дека во новата сезона влегуваме и ослабени. Го ослободивме од понатамошните обврски Вучковиќ, па сега сме во потрага по квалитетно играчко решение на позициите 4-5. Пазарот е таков каков што е, не нуди некои решенија според нашите желби, и пред се можности. Ќе видиме, не сме го затвориле играчкиот ростер…

Наша примарна цел во овој шампионат е пласман во првите шест екипи, односно место во Суперлигата. Се друго е според принципот „за тоа-потоа“.

Секундарно, секако тоа би била битка за првите четири позиции. Но, реков, одиме чекор по чекор. Прво да бидеме во кругот на шесте екипи кои продолжуваат понатаму во трката за трофејот.

Мислам дека е крајно неблагодарно да се даваат некои прогнози околу тоа како ќе изгледа Суперлигата односно плеј-аутот. Сведоци сте дека ова првенство е доста израмнето. Дека екипите од второто до седмото место се на растојание на две, односно три победи, па можно е и екипата на Пелистер да се вклучи во таа група. Битолчани имаат стабилност и квалитет и може да ја стигнат таа негатива.“ – се зборовите на Марјан Србиновски.