ПОЧЕТНА СВЕТ Балканците царуваа, но Гркот беше подобар од Словенецот

Балканците царуваа, но Гркот беше подобар од Словенецот

сподели
фото: Bucks

Во дуелот на Далас и Милвоки, победник излезе минатосезонскиот МВП, во пресметката со најдобриот дебитант на минатата сезона во НБА лигата. Бакс победија против Маверикс со 111:118 во претсезонскиот меч.

Јанис Адетокумбо имаше 34 поени со 11 скока и 4 асистенции, за 23 минути игра. Лука Дончиќ имаше 27 поени, со 7 скока и 2 асистенции, за 15 секунди повеќе на паркетот. Најавата на сезоната е одлична за овие двајца!