ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БАКОЧ: Голема шанса за нас, помладите!

БАКОЧ: Голема шанса за нас, помладите!

сподели

Меѓу неколкуте дебитанти во сениорската репрезентација на Македонија е и 23-годишниот член на Еуро Никел, Филип Бакоч.

Заедно со Виктор Ефремовски, Кристијан Николов, Марко Миловановиќ и Андреј Јакимовски тој е дебитант во националниот тим, а повикот дојде по одличната сезона во неговата екипа. Бакоч треба да ја зголеми конкуренцијата под кошевите, а со оглед на тоа што има 23 години, од него се очекува уште долго да биде дел од репрезентацијата.

„Чест е да се биде дел од овој тим, сметам дека овие момци имаат квалитет да се изборат за пласман на Европското првенство. Претстои период на подготовки и се надевам дека со малку спортска среќа ќе постигнеме голем успех.

Ова е голема шанса за нас, условно помладите играчи и треба да ја искористиме. Благодарен сум на селекторот и стручниот штаб за оваа можност да бидам дел од националниот тим“, изјави Бакоч за basketball.mk.