ПОЧЕТНА ЕВРОПА Баерн Минхен ја потврди доминацијата и ја освои титулата

Баерн Минхен ја потврди доминацијата и ја освои титулата

сподели
фото: Bayern Munchen

Германската машинерија почна да владее и во домашната кошарка, со освојувањето на втората редоследна, вкупно 5-та титула во оваа земја. Во финалето на плеј-офот, беше совладана екипата на Алба со 3:0, во последниот меч 93:88 по продолжението.

Двата тима што настапија во германското финале ќе играат во Евролига, следната година. Баерн има договор со елитното натпреварување, а тимот од Берлин, како финалист, е највисокопласиран друг тим во германското првенство, чиј што шампион има едно место во натпреварувањето на УЛЕБ.