ПОЧЕТНА ЕВРОПА Баерн и Зенит изненадија, ЦСКА рутински

Баерн и Зенит изненадија, ЦСКА рутински

сподели
euroleague.net

Нихад Ѓедовиќ го предводеше баварскиот гигант до триумф против фаворизираниот Макаби, со 80:68 во рамките на 21-то коло во Евролига. Два поена помалку постигна Ципсер, а на спротивната страна Елајџа Брајант имаше 14 поени.

euroleague.net

Составот од Санкт Петербург имаше предност во текот на целиот меч, што на крајот резултира со триумф против гостите од Пиреја, со 91:87. Кај рускиот состав, најдобар беше Евгени Воронов со 21 поен, а кај Олимпијакос се истакна кралот на поените во елитната лига, Васили Спанулис, со 31.

euroleague.net

Московската машинерија ја регистрира четвртата победа во низа, со 81:70 против шпанскиот претставник Валенсија. Фојтман имаше 19 поени со 10 скока кај победникот, а кај поразените гости, најдобар поединец беше Ван Росом со 16 поени.