ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Азија е ветена за Шпанците – 15:0 досега!

Азија е ветена за Шпанците – 15:0 досега!

сподели
FIBA

Трет пат во својата историја, репрезентацијата на најголемата држава на Пиринејскиот полуостров ќе игра во полуфинале на Светските првенства.

Вторпат тоа ќе биде на азиско тло каде ја освои единствената титула досега, пред 13 години во Јапонија. Куриозитет е тоа што Шпанија уште не е поразена на овој континент, сметајќи ги двата Мундобаскета што се одржаа таму.

Во 2006 година ги совлада сите девет противници: Нов Зеланд, Панама, Германија и Ангола во групата и потоа Србија и Црна Гора, Литванија, Аргентина и Грција во нокаут фазата. На актуелното Светско првенство беше подобра од Тунис, Порторико и Иран во групата и потоа од Италија и Грција, пред триумфот против Полска во четвртфиналето.

За да продолжи серијата која досега изнесува 15 победи, Шпанците треба да ја освојат титулата во Кина, а следен противник ќе им биде Австралија или Чешка. Треба ли да се потсетува дека идниот Мундобаскет се одржува повторно во Азија, а домаќини ќе бидат Филипини, Јапонија и Индонезија.