ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ВИДЕО) Австралија се држеше едно полувреме, но Американците, сепак, се силни

(ВИДЕО) Австралија се држеше едно полувреме, но Американците, сепак, се силни

сподели
USA Basketball

И без најголемите ѕвезди во својот состав репрезентацијата на САД сигурно ќе се бори за златото на Мундијалот.

Сите што се сомневаа во нив полека го менуваат своето мислење откако Американците прво ја победија Шпанија, а сега и Австралија. Пред повеќе од 51 илјада гледачи на Марвел стадионот во Мелбурн, САД победија со 102:86.

Австралија беше рамноправен ривал едно полувреме, на стартот од третата четвртина поведе со 45:44 со кошот на Бејнс, но следуваше серија од 13:1 на гостинската репрезентација. Погодуваа Кузма, Тејтум и Вокер, Австралијците се обидоа да се вратат во последниот период, но место тоа САД заминаа на +20 на четири минути пред крајот.

Кемба Вокер беше најефикасен со 23 поени, Мајл Тарнер додаде 15 со 14 скока, а Донован Мичел 13 поени. Кај Австралија, Милс и Голдинг постигнаа по 19 поени.

Австралија и САД ќе одиграат уште еден натпревар во рамките на подготовките за Светското првенство, Американците потоа ќе играат и против Канада во Сиднеј по што заминуваат за Кина на аклиматизација.