ПОЧЕТНА СП 2019 Австралија остана максимална, Чешка е блиску до елиминациите

Австралија остана максимална, Чешка е блиску до елиминациите

сподели
FIBA

Селекцијата од петтиот континент не беше убедлива во првиот настап во втората фаза по групи на 18-то СП, но одигра колку што е потребно за да ја забележи и четвртата победа во исто толку натпревари, со триумфот против Венецуела со 82:76.

Во групата Л, Австралија е осамена на врвот со 4/0, пред европското дерби меѓу Франција и Литванија. Французите имаат 3/0 по првиот круг, Литванците влегоа во вториот круг по групи со две победи и со еден пораз. Доминиканска Република сега има 2/2.

FIBA

Чешка продолжува да гази сигурно, победи (71:93) и против залетаните Бразилци кои се осоколија по триумфот против Грција, но сега ја почувствуваа реалноста. Лидер на Чесите беше Саторански (20 поени, 9 асистенции, 7 скока), а израелскиот стратег Гинзбург одлично командува од клупата.

Чешка има 3/1, колку што има и Бразил, пред соочувањето меѓу САД (3/0) и Грција (2/1). Американците се уште не го почувствувале поразот, но во овој мечи ма многу симболика – последна селекција што ги победи беше токму Грција во полуфиналето на СП 2006-та.