ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АВ Охрид не се посрамоти во Ботевград

АВ Охрид не се посрамоти во Ботевград

сподели

Првата меѓународна контрола на амбициозниот македонски прволигаш заврши со два пораза и четврто место на турнирот „Георги Христов“ кај бугарскиот шампион Балкан, но впечатоците од настапот во Бугарија воопшто не се лоши.

Во мечот за третото место АВ Охрид загуби од Берое со 88:84, а победникот не се знаеше до крајот. На две минути пред крајот резултатот беше 78:78, но во финишот тимот од Стара Загора постигна 10 поени, а прими шест и дојде до победата. Во првото полувреме АВ Охрид постигна девет тројки.

Со оглед на тоа што охриѓани неодамна се комплетираа и тукушто излегоа од првата фаза на подготовките, резултатите во овој момент се во втор план. Претстојниот викенд ќе го пречекаат Рилски спортист, а најмеродавен би требало да биде турнирот чиј организатор е овој бугарски клуб, на 21 и 22 септември.