ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АВ Охрид на турнир со ПАОК

АВ Охрид на турнир со ПАОК

сподели
фото: КК АВ Охрид

Амбициозниот прволигаш ќе има силни контроли пред почетокот на новата сезона во која ќе биде еден од фаворитите за титулите во првенството и Купот.

Меѓу другото, потврдено е учеството на силниот турнир во Самоков на кој ќе учествуваат домаќинот Рилски спортист, ПАОК и Черноморец. Турнирот ќе се одржи на 21 и 22 септември по повод 55-годишнината од формирањето на компанијата која е генерален спонзор на Рилски.

АВ Охрид ќе игра со бугарскиот прволигаш и на 14 и 15 септември, кога во Билјанини извори се планирани две контроли. Освен тоа веќе е потврдено учеството на уште еден турнир, кај шампионот на нашиот источен сосед Балкан, на 9 и 10 септември. Покрај Балкан и АВ Охрид, таму, исто така, ќе учествува Рилски спортист и екипата на Берое.