ПОЧЕТНА ЕВРОПА Атина пак гореше, ама се знае кој е главен

Атина пак гореше, ама се знае кој е главен

сподели
gazzetta.gr

По продолжение од пет минути Панатинаиос успеа да го победи својот вечен ривал со 99:93 во првата пресметка оваа сезона. Поради тоа што Олимпијакос е исфрлен во понизок ранг, грчките гиганти ќе се сретнат само во Евролигата, а и таму ПАО покажа дека засега е далеку пред големиот противник.

Своја вечер имаше Тајрис Рајс кој постигна 41 поен (13/23 од игра и 7/7 од линијата за слободни фрлања). Василис Спанулис со 18 поени беше прв стрелец во тимот на Олимпијакос.