ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Атанасов слета во Кисела Вода

Атанасов слета во Кисела Вода

сподели
Теодор Атанасов

Како што basketball.mk најави пред два дена, поранешниот играч на Куманово е прво засилување за екипата на Академија ФМП за новата сезона.

Теодор Атанасов доаѓа заедно со Александар Петровиќ кој му беше тренер во неговата прва година во македонската кошарка. Почна во Работнички, но бидејќи во тој период не можеше да извади македонско државјанство, замина од Градски парк, а Куманово ја искористи можноста да го донесе во своите редови.

Атанасов има 24 година, висок е 206 сантиметри и настапува на позицијата центар.

„Нестпрливо чекам да започне новата сезона. Ова ќе биде нов предизвик за мене, но сигурен сум дека ќе се вклопам во системот на новиот клуб. Академија ФМП ми делува како клуб од коj луѓето очекуваат малку и јас верувам дека наредната сезона ќе ги изненадиме многумина со нашата игра.

Тренерот и неговиот начин на работа долго ги познавам, така што тоа дополнително ќе ми помогне за да де прилагодам на новата средина. Сум играл неколку пати против Академија ФМП, ми се допаѓа нивното залагање на теренот и нивната енергија, затоа и одлучив да им се придружам наредната сезона и да помогнам да постигнеме што подобар пласман на табелата“, изјави Атанасов.

Минатата сезона тој имаше просек од 12.5 поени и 6 скокови по натпревар. Покрај него, се очекува трансферот во Академија ФМП да го финализира уште еден поранешен играч на Куманово – Лука Петровски.