ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА АШАДАНОВ: Оваа генерација има светла иднина

АШАДАНОВ: Оваа генерација има светла иднина

сподели
Ашаданов (лево) со шефот на стручниот штаб на Вардар, Дарко Радуловиќ

Еден од најдобрите млади тренери во земјава својот квалитет го покажува и на меѓународен план.

Беше дел од стручниот штаб на М-16 репрезентацијата која лани го освои третото место на Б-Европското првенство во Сараево и се пласира во елитата, а со младинските екипи на Вардар учествува и на Европската младинска кошаркарска лига. Покрај титулите на домашен план, Александар Ашаданов со своите кошаркари демонстрира сила и во силната европска конкуренција.

„За оваа талентирана генерација на Вардар која две години по ред е шампион во Македонија, е од голема важност да одигра што е можно повеќе меѓународни натпревари, пред се заради собирање искуство и заради создавање точна слика на реалните можности односно недостатоци.

Раководството на клубот гледа убава перспектива во неа и цврсто стои зад сите проекти со единствена цел да се создадат првотимци од овие момци. По завршувањето на првиот турнир во Острава може да кажам дека сум задоволен од прикажаното, пред се од борбеноста и дисциплината на овие момци кои веќе седма година работат со мене“, изјави Ашаданов за basketball.mk.

Наскоро почнува домашното првенство за кошаркари родени 2006 година, а оваа екипа на Вардар во јануари ќе учествува и на вториот дел од EYBL на кој ќе се обиде да го освои барем второто место и да обезбеди пласман на завршниот турнир.