ПОЧЕТНА СП 2019 Аргентина ја елиминира Русија, Шпанија и го стори истото на Италија

Аргентина ја елиминира Русија, Шпанија и го стори истото на Италија

сподели
FIBA

Со победата против Венецуела (87:67), селекцијата на Гаучосите се пласира во следната фаза, заедно со Полска од групата И.

Wikipedia

Ова беше и за очекување, затоа што Русите сами си го искомплицираа животот со поразот од Полска (79:74), која е најпријатното изненадување со пласманот меѓу најдобрите 8 на ова СП.

FIBA

Шпанците одиграа тежок натпревар, вистинско мачење со Италијанците, но на крајот го скршија противникот и победија (67:60) за пласман во 1/4 финалето и елиминација на Аѕурите.

Wikipedia

Претходно, Србија со убедливиот триумф против Порто Рико (90:47) обезбеди пласман во првиот елиминациски филтер од истата група, Ј.