ПОЧЕТНА ЕВРОПА АРЕНА ВО ТРАНС: Партизан од -14 на +13

АРЕНА ВО ТРАНС: Партизан од -14 на +13

сподели
фото: eurocupbasketball.com

Српскиот вицешампион по вторпат триумфираше во УЛЕБ Еврокупот, совладувајќи го на домашен терен тимот на Тофаш.

Конечните 93:80 изгледаат преубедливо во однос на она што се случуваше на теренот бидејќи Турците доминираа во првото полувреме, а во последните 10 минути се влезе со израмнет резултат (66:66). На почетокот од вториот период Тофаш ги имаше највисоките +14 (15:29), но Партизан не се предаде и на крајот тоа се исплаетеше, на задоволство на речиси 10 илјади гледачи во белградската Арена.

Одличен натпревар одигра Раде Загорац кој заврши со 26 поени (4 тројки од 7 шута), 5 скока и по 2 асистенции и украдени топки за индекс 35. Ветеранот Новица Величковиќ потсети на своите најдобри денови и постигна 15 поени, 7 скока и 4 асистенции. Кај Тофаш, Девин Вилијамс реализира 18 поени.

По два одиграни натпревара, „црно-белите“ имаат две победи, а во следното коло гостуваат кај Лиетувос Ритас.