ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АНТИЌ: Работнички може да се врати во Градски парк, Вардар во Кале

АНТИЌ: Работнички може да се врати во Градски парк, Вардар во Кале

сподели

Кон средината на минатата сезона, Македонската кошаркарска федерација ги суспендира Градски парк и малата сала во СРЦ Кале, а Работнички и Вардар не можеа да играат во своите домови.

„Ако се санираат сите воочени неправилности, Работнички и Вардар ќе играат повторно во матичните сали.

Тоа е барање на клубовите и на навивачите. Ние сме тука да им помогнеме на клубовите.” – изјави претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Затоа што тогаш не ги корегираа недостатоците во салите, своите натпревари од Суперлигата и плеј-офот Работнички ги играше во Гостивар, Куманово и „Борис Трајковски“, а Вардар во „Јане Сандански“.