ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Антиќ и Глушков на линија – први преговори за регионалната лига

Антиќ и Глушков на линија – први преговори за регионалната лига

сподели

Претседателите на кошаркарските федерации на Македонија и Бугарија денеска одржале видео состанок на кој главна тема било формирањето на лигата во која ќе учествуваат клубови од двете држави, а можеби и други од Балканот.

Перо Антиќ и Георги Глушков се договориле во следните денови идејата да ја испратат до клубовите и да го испитаат нивниот пулс. Во првата сезона лигата најверојатно ќе брои осум екипи со тоа што не се очекува на почетокот да учествуваат грчки клубови, како што беше најавено.

Бугарските медиуми најавуваат дека претставници на Македонија би биле двете екипи што настапуваат во АБА лигата, што значи дека таму ќе играат МЗТ Скопје и Работнички. Нема да има проблем со распоредот затоа што тие не би играле во домашното првенство. Интерес покажал уште еден клуб, според нашите информации, станува збор за Куманово. Ако играат Работнички и МЗТ Скопје, тие нема да учествуваат во основниот дел од домашното првенство.

Од бугарска страна уште не се знае кој би учествувал иако претседателот Перо Антиќ во интервјуто за basketball.mk најави дека, меѓу останатите, заинтересирани се Левски Лукоил и Берое.