ПОЧЕТНА ЕВРОПА Англичаните сериозно влегуваат и во кошарката

Англичаните сериозно влегуваат и во кошарката

сподели
BBC

Првата англиска, или британска екипа која ќе се натпреварува во едно европско натпреварување, е тимот на Лондон Лајонс. Во сезоната 2020/21, огненото крштевање ќе им биде во ФИБА Лигата на шампионите.

Престолнината на островската земја конечно ќе биде запишана на европската мапа, а со тоа повторно се отвораат неколку теми кои многупати беа начнувани во минатото, но никогаш не беа докрај образложени и разјаснети.

express.co.uk

НБА се шири во Европа?

Со години наназад се шпекулира дека Лондон ќе биде еден од европските НБА центри, во долгоочекуваната европска НБА дивизија за која нема официјални најави. Во англиската престолнина, веќе се играат мечеви од НБА лигата.

Олимпијакос ја одбрани титулата во Лондон 2013-та (euroleague.net)

Лондон добива место во Евролига?

Огромна желба на Евролига и на првиот човек на ова натправарување, Жорди Бертомеу е создавање на кошаркарски центар во Лондон, кој е огромен и скап пазар со голема финансиска моќ, што значи наскоро може да очекуваме УЛЕБ да тргне во офанзива по некоја екипа од овој град.

Најтрофејниот тренер уште отсега на раат гради платформа?

За големи дострели се потребни големи тренери, а Жељко Обрадовиќ беше поврзуван со преселба во Лондон. Можно ли е по сезоната во која српскиот стратег ќе одмори, а Лајонс ќе играат под капата на ФИБА, веќе следната година да ги гледаме заедно во (нај)елитното европско натпреварување?

liverpoolecho.co.uk

Фудбалот добива конкуренција?

Дали евентуалното формирање на една голема-европска-моќна екипа во Лондон, може да покрене формирање на кошаркарска Премиер лига на Островот, кој откако знае за себе, знае само за фудбалот (евентуално за тенискиот турнир Вимблдон, рагби, крикет…) и за ништо друго?