ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ангели се пријавија, чекаат одобрение од Федерацијата

Ангели се пријавија, чекаат одобрение од Федерацијата

сподели
извор на фото: Facebook

Новиот (поканет) прволигаш вели дека ги обезбедил сите услови за игра, останува уште одобрувањето од страна на матичната организација на салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, што е огромна и единствена желба на оваа екипа.

„Сакаме да играме на наш терен. Тука се изборивме за елитата, тука сакаме да продолжиме.“ – ни ијзјавија претставници на екипата.

КФСМ испрати понуда за пополнување на Првата лига, до КК Ангели. Оваа екипа играше во полуфиналето од Втората лига минатата сезона, откако претходно го освои првото место во западната група, загуби од МЗТ Скопје 2, но по откажувањето на Блокотехна се отвори место за уште една екипа од вториот ранг на натпреварување.