ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ангели сакаат да играат, но нема да тужат

Ангели сакаат да играат, но нема да тужат

сподели
КК Ангели 2015

Од извори во еден од потенцијалните прволигаши, дознаваме дека тие се подготвени да играат во Првата лига на Македонија, но не по секоја цена.

„Ќе настапуваме во елитното македонско друштво, само ако Управниот одбор на КФСМ реши да не прими во прволигашката конкуренција. Ние сме подготвени да се натпреваруваме, а ако биде решено да не бидеме примени, тогаш повторно ќе играме во Втората лига на Македонија.“ – се зборовите на претставниците од раководството на КК Ангели, од скопската населба Кисела Вода.

На прашање дали ќе го следат примерот на КК Шкупи, кој најави тужба за Федерацијата, одговорот беше категорично НЕ.