ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Андоноски е новата „ѕвезда во подем“ во македонската кошарка

Андоноски е новата „ѕвезда во подем“ во македонската кошарка

сподели
FIBA

Неколку одлични кошаркари излегоа последните години од младинските репрезентации на Македонија кои учествуваа на Европските првенства.

Следниот во низата треба да биде Андреј Андоноски, 17-годишниот крилен играч кој летово од Феникс се пресели во МЗТ Скопје. Тој настапи на неодамнешното Б-ЕП во Романија на кое нашите јуниори го освоија четвртото место и за малку не се пласираа во елитата.

Статистика од финалниот меч: Македонија М18-Бугарија М17

Со оглед на тоа што е роден 2002 година, Андоноски ќе има право на настап и на континенталниот собир идното лето на кое треба да биде лидер на репрезентацијата. Селекторот Тони Симиќ го постави за капитен, а Андоноски блесна на првиот турнир во рамките на подготовките за јуниорската репрезентација.

Статистика од мечот Македонија-Оканик

Нашите млади кошаркари настапија во бугарскиот град Шумен и го освоија првото место. Во финалниот меч Андоноски постигна 41 поен и 14 скока, претрпе дури 13 лични грешки и заврши со индекс 40.

Нешто помалку имаше во полуфиналето против српскиот тим Оканик, но на тој меч играше само 18 минути. Заврши со 22 поена и 8 скока.