ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Американско крило во ростерот на Пелистер

Американско крило во ростерот на Пелистер

сподели

По долгото затишје, амбициозниот битолски прволигаш за два дена донесе две засилувања за новата сезона.

Прво се договори со поранешниот младински репрезентативец Даниел Нацевски, а денеска и со американскиот крилен играч Џастин Мартин. Има 30 години, висок е 199 сантиметри, може да ги покрие позициите 3 и 4, а своевремено го сметале и за НБА потенцијал, додека играл за Универзитетот Ксавиер.

Минатата сезона бил член на грчкиот Паниониос каде просечно постигнувал по 6,2 поени и 3,5 скока по натпревар. Претходно играл во Исланд, Кипар, Русија итн.

Мартин е трето странско засилување за Пелистер во пресрет на новата сезона по Игор Кесар и Џалил Абдул-Басит. Претходно битолскиот тим се засили и со Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ.