ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Американски бек во Градски парк

Американски бек во Градски парк

сподели

Работнички го донесе првото странско засилување за новата сезона.

Нов член на најтрофејниот клуб е 27-годишниот бек Хејден Лесколт. Висок е 196 сантиметри, може да игра на позициите и 1 и 2.

Во Работнички доаѓа од австрискиот прволигаш Оберварт со кого минатата сезона играл во полуфиналето од домашниот плеј-оф. Лесколт бил шести асистент во лигата со просек од 6,3 успешни додавања на натпревар.

Американецот е трето засилување за Работнички ова лето, по Стеван Глигоријевиќ и Горан Главчев. Од минатата сезона останаа Младеновиќ, Ефремовски и Николовски, како и Митевски.