ПОЧЕТНА СП 2019 АМЕРИКАНЕЦОТ ПРИЗНА: Србија има најдобар тим на светот!

АМЕРИКАНЕЦОТ ПРИЗНА: Србија има најдобар тим на светот!

сподели
FIBA

Во пресрет на соочувањето меѓу селекциите од Стариот континент, што ќе биде прв сериозен испит за нашиот северен сосед, против репрезентацијата која и некомплетна има екстра-квалитетен ростер, натурализираниот Италијанец изјави:

„Се соочуваме со најдобриот тим на светот, во моментов. Тоа е екипа со многу шампиони, но имаме и ние играчи што може да направат разлика. Нема да паничиме и ќе ги почитуваме договорените моменти.

FIBA

Без страв, ќе се обидеме да им одмогнеме најмногу што можеме.“ – рече Даниел Хакет, репрезентативецот на Италија, а пренесува италијанската федерација преку својот портал.