ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Американците признаа – Србија е сериозна закана!

Американците признаа – Србија е сериозна закана!

сподели
FIBA

Победата на нашиот северен сосед во егзибициското финале на традиционалниот Акрополис Куп во Атина, ги разбуди колегите преку Океанот, кои што се погласно предупредуваат на балканскиот вуллкан.

За американските новинари, победата е значајна затоа што е извојувана против Грција (85:80) со Јанис Адетокумбо, без Никола Јокиќ и со лимитирана минутажа на Бобан Марјановиќ.

FIBA

„Можеме уште подобро, ни недостасуваат неколку играчи во ротацијата, но одигравме добар турнир.“ – рече селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ.

Ќе додадеме дека не игра ниту повредениот Милош Теодосиќ, односно отпишаниот поради повреда Драган Милосављевиќ. Да не заборавиме дека ги нема Кузмиќ поради сообраќајката, односно Недовиќ и Калиниќ како избор на селекторот.