Побрзаа да ги отпишат од борбата за титулата на Светското првенство, а тие ја победија Шпанија во првиот официјален тест пред Мундијалот.
Можеби нема мега-ѕвезди во својот состав, но американската репрезентација покажа дека може да игра како тим и дека имаат што да кажат. Пред 18 илјади гледачи во Анахајм резултатот беше 90:81.
Donovan Mitchell attacks and TAKES FLIGHT for @usabasketball! #USABMNT
📺: @NBATV
📱💻: https://t.co/gWSXqaO9Vj pic.twitter.com/fDmCCycEdC— NBA (@NBA) August 17, 2019
САД водеа во најголем дел од мечот, дури и со 18 разлика, а кошаркарите на Грег Попович одлично шутираа за тројка (11/19). Она што можеше да се забележи е дека новиот селектор одлично ги користи ресурсите со кои располага, во играта постои високо ниво на дисциплина што не беше случај во времето на Кшижевски и сите играчи се подредени на колективот.
Jayson Tatum turns the corner and drops the HAMMER on @NBATV/@Twitch! 🇺🇸😤#USABMNT #USAGotGame pic.twitter.com/p5YlZTQEz0
— NBA (@NBA) August 17, 2019
Четворица играчи го завршија натпреварот со двоцифрен број поени и од нив може да се очекува најголемиот придонес во напаѓачкиот дел. Најефикасен беше Донован Мичел со 13 поени, Крис Мидлтон додаде 12, а Вокер и Тејтум по 11.
Во шпанската репрезентација прв стрелец беше Марк Гасол со 19 поени, Рики Рубио заврши со 16, а Љуљ со 11.