ПОЧЕТНА СП 2019 Американците ја преживеаја Турција, па се изживуваа над Јапонија

Американците ја преживеаја Турција, па се изживуваа над Јапонија

сподели
FIBA

Србија, во два наврата, е единствената репрезентација која победи поубедливо отколку САД против Јапонија.

Американците триумфираа со 98:45, а дуелот со аутсајдерот го искористија да тренираат забивања и да тренираат. Не сакаа да попуштаат, играа максимално во одбрана што им овозможи голем број лесни поени.

На крајот петмина кошаркари во составот на Грег Попович беа двоцифрени: Браун со 20, Вокер со 15, Барнс со 14. итн. Единствен што се обидуваше да игра нешто во јапонската репрезентација беше Јубала Бабе кој постигна 18 поени.

Овој натпревар требаше да им послужи на Американците за кревање на самодовербата, но не смеат ни да помислат дека ќе им биде така лесно против Бразил и Грција во следната фаза.