ПОЧЕТНА СП 2019 Американците цел ден имаат среќа

Американците цел ден имаат среќа

сподели

Откако два пати се спаси од пораз во дуелот со Турција, репрезентацијата на САД доби убави вести и по прегледот на Џејсон Тејтум.

Кошаркарот на Бостон Селтикс се повреди во последниот напад по кој беше одлучен победникот, а со оглед на лимитираниот состав што го има Грег Попович на располагање, во тие моменти претставуваше тежок удар за еден од кандидатите за титулата.

Од лекарскиот тим на американската репрезентација објавија дека се работи за повреда на скочниот зглоб и дека во следните 24 часа ќе има подетални информации, но речиси сигурно нема да има подолга пауза. И Тејтум изјави дека се чувствува подобро, арената ја напуштил со патика на ногата со мали проблеми при одењето.

Во целата ситуација добро е што тој може и да го одмори следниот натпревар затоа што ривал е аутсајдерот Јапонија, а САД веќе го обезбедија првото место во групата.