ПОЧЕТНА СВЕТ Аматерска грешка на Кошаркарскиот сојуз на Србија

Аматерска грешка на Кошаркарскиот сојуз на Србија

сподели

Тренерот на Денвер Нагетс категорично ја демантираше информацијата дека ќе му биде консултат на српскиот селектор Игор Кокошков на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.

Турнирот ќе се одржи во јуни во Белград, но Мајк Мелоун негираше дека договорил ангажман. Тоа го прашаа новинарите по натпреварот меѓу Денвер и Шарлот кој им припадна на Нагетс.

„Тоа не е точно“, кратко изјави искусниот стручњак кој е фокусиран само на својот тим.

извор: KSS

Интересно е тоа што не станува збор за новинарска шпекулација, туку информација директно од Кошаркарскиот сојуз на Србија, објавена на официјалната интернет-страница. Во краткиот текст пишува дека Мелоун веќе потврдил дека ќе се приклучи на српската репрезентација по завршувањето на НБА плеј-офот.

Неофицијалните информации од нашиот северен сосед говорат дека навистина има контакт меѓу Мелоун и врвот на КСС, но преговорите се уште се во тек.