ПОЧЕТНА ЕВРОПА ФОТО НА ДЕНОТ: Аман, бе, судија, мораше ли!?

ФОТО НА ДЕНОТ: Аман, бе, судија, мораше ли!?

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Не им се веруваше на кошаркарите на Нови Пазар дека МЗТ Скопје доби фаул и слободни фрлања во последната секунда од натпреварот, кога сите се подготвуваа и очекуваа продолжение.

Оттаму нивната реакција кон еден од арбитрите на мечот. Некои со неверување, други со иронична насмевка на лицето, трети со гнев, а сите со зборовите: Аман, бе, судија, мораше ли!? Личната грешка ја направи поранешниот кошаркар на Блокотехна, Мајкл Мелори.