ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Ол-старот останува без Лилард

(ВИДЕО) Ол-старот останува без Лилард

сподели
basketballforever.com

Портланд загуби од Мемфис со 111:104 во дуел од големо значење за пласман на осмото место на Западот, а на листата на повредени кај Траил Блејзерс се приклучи и Дамиен Лилард.

Ѕвездата на Портланд го напушти паркетот во последната четвртина и повеќе не се врати во игра. Станува збор за повреда на препоните, поради која Лилард ќе го пропушти Ол-стар натпреварот каде требаше да се натпреварува во две категории, шутирање тројки и неделниот натпревар.

„Здравјето ми е пред сѐ. Ќе бидам таму, и ќе бидам дел од тоа (Ол-стар викендот), но нема да можам да играм.“ – изјави играчот на Портланд по натпреварот.

Повредата на предводникот на Траил Блејзерс доаѓа во најлошо време. Портланд го загуби, можеби и клучниот натпревар во битката за осмото место со директниот ривал, а остана и без најдобриот играч. Портланд сега е на деветтото место на табелата со скор 25/31, три победи зад осмопласираниот Мемефис (28/26), но има и три натпревари повеќе од Гризлис.