ПОЧЕТНА Балкански лиги Александар Тодоров против Душко Вујошевиќ

Александар Тодоров против Душко Вујошевиќ

сподели
Петар Наумоски и Душко Вујошевиќ, на „Трофеј Македонија 2017“.

Еден од најуспешните црногорски тренери во поновата историја, по една година и се враќа на кошарката по пауза од една година.

Последен пат Душко Вујошевиќ работеше како селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина која ја напушти принудно, поради здравствени проблеми. Во новата сезона тој ќе го води романскиот прволигаш и петкратен шампион на оваа земја Универзитатеа Клуж.

Последен пат во клупската кошарка тој работеше во 2017 година како тренер на Лимож. Најголемите успеси ги оствари со Партизан со кого освои вкупно 11 шампионски титули во домашното првенство, два Купа на Југославија, еден трофеј во Купот „Радивој Кораќ“ и пет во АБА лигата.

Како интернационалец работеше уште во Шпанија (Оксимеса), Италија (Бреша, Пистоја и Пезаро), и Русија (ЦСКА).

Во романското првенство работи и македонскиот стручњак Александар Тодоров кој последната сезона оствари историски успех со Крајова.