ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Актуелниот шампион стигна до „30-ка“

(ВИДЕО) Актуелниот шампион стигна до „30-ка“

сподели
slamdunk.ru

Торонто и Филаделфија потсетија на минатогодишното конференциско финале, со нов одличен натпревар во кој победата од 107:95 им припадна на Рапторс. До 30-тата победа во сезоната, тимот од Канада го предводеше Фред ВанФлит со 22 поена и 8 асистенции, дабл-дабл од 18 поени и 15 скока додаде Паскал Сиакам, додека со ист број на поени натпреварот го заврши и Норман Повел.

Кај гостите од Филаделфија, 22 поена и 6 скока забележа Тобајас Херис, додека по 17 поени забележаа Бен Симонс и Фуркан Коркмаз, на кои првиот додаде и 10 скока со 8 асистенции.

Со серијата од пет победи во низа, Торонто се доближи до втората позиција на источната табела. Канаѓаните сега се наоѓаат на третата позиција со 30/13, една победа зад Мајами. Филаделфија останува на шестата позиција, со 29/17.