ПОЧЕТНА НБА Ако не загинеше, Дражен ќе ја напуштеше НБА…

Ако не загинеше, Дражен ќе ја напуштеше НБА…

сподели
Basketball Society

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња последните денови повторно е актуелен, откако Марио Хезоња одлучи да игра со неговиот број во Портланд.

Во ситуацијата се вклопи и тоа што почнува НБА летната лига во Лас Вегас чиј основач, Ворен ЛеГари му беше менаџер на Дражен Петровиќ. Тој открива дека во 1993 година, непосредно пред загинувањето, хрватскиот кошаркар сериозно размислувал за заминување од Њу Џерси Нетс и покрај тоа што таму помина фантастични две години и играше во одлична фoрма.

„Во тоа време за него се интересираше Хјустон, но Дражен беше поблиску до Панатинаикос, отколку до Тексас. И Нетс можеа да ја израмнат понудата, но не беа многу загрижени и Дражен го чувствуваше тоа.

Ни Бил Фич не беше повеќе тренер, доаѓаше друг и тука имаше повеќе предизвици отколку задоволство“, откри ЛеГари во интервју за Спортске новости.

Дражен Петровиќ загина на 7 јуни 1993 година во сообраќајна несреќа во близина на Инголштат. Претходните четири години ги помина во НБА лигата, по две во Портланд и Њу Џерси.

Целото интервју на ЛеГари за Спортске новости можете да го прочитате на овој ЛИНК.