ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ако не си замине од Хувентут, Димитријевиќ идната сезона ќе игра во...

Ако не си замине од Хувентут, Димитријевиќ идната сезона ќе игра во Еврокупот

сподели

Европскиот шампион од 1994 година, чиј член е македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, е една од трите екипи кои добија специјална покана за настап во Еврокупот.

Во ова натпреварување повторно ќе учествуваат 24 екипи иако дури пет клуба во меѓувреме се преселија во Лигата на шампионите на ФИБА. Останатите две, покрај Хувентут, кои добија специјални покани се Нантер од Франција и Венеција од Италија. Новата сезона во Еврокупот ќе почне на 30 септември, а финалната серија е планирано да стартува на 6 април 2021 година.

Димитријевиќ играше во Еврокупот и претходната сезона и со својот тим стигна до топ-16 фазата. Последните денови се шпекулира дека за него е заинтересирана Валенсија, ако трансферот се оствари, Македонецот ќе заигра во Евролигата, првпат во својата кариера. Ако одлучи да остане во Каталонија, ќе го води својот тим во Еврокупот.