ПОЧЕТНА Други репрезентации Ако можеше да има утеха, ни ја донесе Јакимовски!

Ако можеше да има утеха, ни ја донесе Јакимовски!

сподели
FIBA

Тешко дека ќе успееме брзо да го заборавиме Б-Европското првенство во Романија на кое јуниорската репрезентација на Македонија не успеа да дојде до медал.

Тагата е голема, веројатно ќе биде уште поголема во следниот период, но барем видовме дека имаме кошаркарска иднина и со нетрпение ги очекуваме овие момчиња и во М20 и во сениорската репрезентација.

Првенството во Романија на површина го извади Андреј Јакимовски кој многу брзо би требало да добие шанса во сениорска конкуренција со оглед на тоа што веќе е полнолетен и зрел да заигра со повозрасните колеги.

FIBA

Доказот за тоа стигна на церемонијата на доделување на наградите. Јакимовски е дел од идеалната петорка на првенството што не е големо изненадување ако се знае дека заврши како најдобар стрелец, имаше највисок просечен индекс и беше трет скокач.

За најкорисен играч на шампионатот е прогласен израелскиот репрезентативец Ноам Шимон Доврат, а во најдобрата петорка покрај нив двајца се уште Матеуш Казовски од Полска, Давид Бом од Чешка и Пеле Ларсон од Шведска.