ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ако чекате од Скола да ви донесе победи, затворете си го клубот

Ако чекате од Скола да ви донесе победи, затворете си го клубот

сподели
фото: Olimpia Milano

По завршувањето на СП во Кина, хитот од Аргентина слета во Милано каде беше дочекан со овации, но на тоа требаше да остане. Луис Скола има 40 години и може да блесне на турнирски систем, како што тоа се случи до финалето на мундијалот, каде Шпанците покажаа како да се неутрализира.

euroleague.net

Олимпија не може да очекува од ветеранот тој да биде носител на играта, особено не во офанзивата каде беше најдобар во својата екипа со 17 поени во поразот од Баерн (78:64). Евролига е сериозно и тешко лигашко натпреварување, кое трае долго и безмилосно ја црпи енергијата, која тој (природно) ја нема.