ПОЧЕТНА Некатегоризирана АБА воопшто не разговара(ше) за Олимпијакос

АБА воопшто не разговара(ше) за Олимпијакос

сподели

На последното Собрание на регионалната лига на поранешните југословенски републики, беа донесени неколку „споредни“ заклучоци, но воопшто не беше споменат случајот Олимпијакос.

Грчката екипа е префрлена во втората лига во оваа земја, поради демонстративното неиграње натпревари против Панатинаикос, поради што и официјално побара прием во јадранското друштво.

Клубовите од АБА поставија неколку услови и побараа да се почитува календарот на натпреварувањето, дури се споменуваше и дека некои екипи се против влезот на Пирејците во лигата.

Олимпијакос е пресериозна екипа за да чека до август, да знае каде ќе игра и против кого ќе се натпреварува. Учеството во Евролига на грчкиот тим според актите на ова натпреварување не му е загрозено, но ако игра во втората грчка лига нема како да ја одржува потребната кондиција за елитното натпреварување.

На последното Собрание (01.07.2019) во Бања Лука, било договорено во најскоро време да се изгласа ново раководство на лигата и воедно Претседателството било авторизирано да ги подготви натпреварувањата за следната сезона.

АБА ги организира АБА лигата, АБА2 лигата, АБА Супер Купот и АБА М19 првенството.