ПОЧЕТНА ЕВРОПА АБА попушти под притисокот на Звезда!

АБА попушти под притисокот на Звезда!

сподели

Раководството на регионалното натпреварување донесе нова одлука во врска со неодиграниот натпревар меѓу Будуќност и Црвена Звезда кој беше закажан за 30 декември 2019 година.

Првично, актуелниот шампион беше парично казнет со 20 илјади евра, да ги платат трошоците за официјалните лица на натпреварот, потоа одземање на бодот за пораз и регистрирање на натпреварот со службен резултат 20:0 во корист на Будуќност затоа што српскиот тим не отпатува за Подгорица, плашејќи се за својата безбедност, во период кога таму имаше политички немири.

Звезда се жалеше на ова, но во исто време се закани дека ако не биде прифатена жалбата, тоа ќе значи крај на АБА лигата.

Десетина дена подоцна, сосема нов епилог кој може да донесе и нови превирања во натпреварувањето. Место 20 илјади евра, Звезда треба да плати 15.001 евро, нема да го загуби бодот за пораз, а можно е и натпреварот да не биде регистриран со службен резултат 20:0 за Будуќност. „Црвено-белите“ нема да ги платат ни трошоците за официјалните лица како што беше предвидено.

Звезда и натаму бара преигрување на мечот што во вакви околности може и да биде прифатено.